1 ден (четврток – 06.12.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (петок – 07.12.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од времето на пристигнување, можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 08.12.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија (Света Софија), Топ Капи – Палатата на султаните, Сината Џамија. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор. Во вечерните часови, факултативна вечерна прошетка на азискиот дел на Истанбул, во маалото Кадикој и квартот Мода. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 09.12.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот, со жичара. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Во попладневните часови посета на трговски центар Форум. Поаѓање за Македонија во вечерните часови.

 

5 ден (понеделник – 10.12.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во претпладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 5.440,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај
  • Панорамски разглед на градот со локален водич
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Таксим и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15€ по лице
  • Пешачки разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Галата Кула со влезница, Галата Мост, Чаршијата на зачини, Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија) – 20€ по лице
  • Посета на Кадикој и Мода (карти за метро, брод и трамвај) – 10€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор со локален водич и  посета на Pierre Loti со жичара – 20€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.