1 ден (петок) : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 22.30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 23:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (сабота): ОСТРОШКИ МАНАСТИР

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови и време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Сместување во конаците. Ноќевање.

 

3 ден (недела) : БУДВА

Во утринските часови поаѓање за Будва со кратка пауза за разглед на Св. Стефан – најатрактивното и најмонденското летувалише на Црногорското Приморје – време за фотографирање. Слободно време за индивидуален разглед на Будва: стариот град, црвите св. Марија и св. Иван, шеталиштето, плоштадот, Словенска плажа... Во попладневните часови поаѓање за Битола.

Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот: 1.500,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:  

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • Посета на Острошки Манастир, Будва
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Трансфер од паркинг до Горниот Манастир
  • Туристичка такса 1€ по лице за Острошки Манастир
  • Доплата 5€ по лице за ноќевање во конаците (доколку има место)
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.