Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот преку граничен премин Меџитлија, Птолемаида, Кожани. Пристигнување во Костур во претпладневните часови. Со мала прошетка покрај Костурското езеро, посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска, изграден во X век.

Упатување кон центарот на Костур. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот познат по индустирјата за производство на крзно, ручек во некоја од таверните, прошетки покрај убавото езеро кое изобилува со растителен и животнски свет...

Состанок на групата во претходно определно време и упатување кон Малото Преспанско Езеро и посета на островот Агиос Ахилеос (Св. Ахил) и базиликата. На островот Агиос Ахилеос (Свети Ахил) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од Цар Самоил во 10 век. Во руините на базиликата Свети Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб.

Во доцните попладневни часови поаѓање према Македонија, со царински формалности и кратки паузи. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 700,00 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска,
  • посета на центарот на Костур
  • посета на Базиликата Св. Ахил
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжаманот не вклучува: 

  • Патничко осигурување.

 

Доплата:

500 денари за трансфер од Струга, Охрид, Кичево и Прилеп

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ