П О К Л О Н И Ч К О   П А Т У В А Њ Е 

Србија – Манастирите Роман, Џунис и Калениќ         

посета на Крушевац

 

П Р О Г Р А М А  Н А  П А Т У В А Њ Е Т О:

8 јуни петок:         

Состанок на групата пред Спортската сала во Битола во 24:00 ч. и поаѓање.

 

9 јуни, сабота:                                                                                                      

Влез во Србија на граничниот премин Табановце – Прешево. Пристигнување во манастирот РОман во утринските часови – еден од најстарите манастири во Србија, расположен на десниот брег од реката јужна морава, во кој се подвизувал Св. Роман Синаит во IX век, денес манастир со монашко братство. Поклонување на моѓтите на Свети Роман Чудотворец и Исцелител. Полнење света вода од двата извора.

Продолжување кон манастирот Џунис. Посета на манастирската црква, посветена на Покров на Пресвета Богородица. Разглед на манастирот – монашко сестринство, основан 1898 година по откровение на Мајката Божја на 13 годишното девојче Милојка од селото Џунис, благословувајќи го изворот со исцелителна вода. Земање од исцелителната вода.

Пладневна пауза во градот Крушевац, центар на Расинскиот округ – Западно Поморавие, град средновековна српска престолнина.

Продолжување кон манастирот Калениќ – монашко сестринствоо, со храмот посветен на Воведение на Пресвета Богородицаљ, основан во XV век, најраскошен манастир во моравски стил, со најдобро сочуван фрескоживопис ос соодветниот период.

Сместување во манастирските конаци. Ноќевање.

 

10 јуни, недела:                                      

Присуствување на Света Литургија. Појадок. Поаѓање кон Македонија. Со попатни паузи, пристигнување во Битола во вечерните часови.                                                                                                                                                             

 

Ц Е Н А : 50 евра (патен билет, ноќевање со појадок, осигурување)