1 ден (сабота – 06.10.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата пред спортската сала во 16:30 часот. Поаѓање за Р. Турција во 17:00 часот. Патот води преку Солун, Кавала, г.п. Ипсала, Кешан – се до Чанаккале... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи. 

 

2 ден (недела – 07.10.2018): ЧАНАККАЛЕ – ТРОЈА – ЕФЕС

Пристигнување во Турција во раните утрински часови. Патот води покрај местото каде се одвивала познатата битка на Галиполе. Трансфер со траект на Азиската страна. Пристигнување во Чанаккале во утринските часови. Продолжување на патувањето со посета на легендарната Троја. Факулатативен разглед на Троја со стручен локален водич. Патот продолжува за Измир. Во попладневните часови – факултативна посета на Ефес, кој бил всушност и еден од најголемите градови во Римската Империја со околу 400 - 500 илјади жители во периодот од околу 100-та година од н.е. Овој град претставувал живеалиште на неколку христијански водачи: Тимотеј, Ераст, Онисифор, а бил и често престојувалиште на апостолите Павле и Јован. Во вечерните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

3 ден (понеделник –08.10.2018): КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ

Појадок. Поаѓање за Памуккале, патот води по долина на реката Мендерес... Пристигнување во Памуккале, природен феномен кој содржи содржи топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода... Попатна посета на античкиот град Хиераполис. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

4 ден (вторник – 09.10.2018): ПАМУККАЛЕ – ДЕРИНКУЈУ – УРГУП    

Појадок. Упатување на групата кон Кападокија, област позната по специфичните рељефни форми создадени од вулканска активност и почетокот на христијанството. Попатно, време предвидено за факултативна посета на подземниот град Деринкују. Се смета дека градот е создаден меѓу 780 и 1180 година. Подземната мрежа се состои од неколку кујни, штала, цркви, училишта, гробови, бунари и соби, за кои археолозите веруваат дека служеле како засолниште од непријателски војски и различни временски непогоди. По завршувањето на посетата на подземниот град, во доцните вечерни часови пристигнување во областа Невзехир. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

5 ден (среда – 10.10.2018): УРГУП – ЃОРЕМЕ – ЗЕЛВЕ

Појадок. Упатување на групата кон Зелве – т.н. „Музејот на отворено небо“ – “град – пештера“, преполн со религиозни и световни комори... после посетата на Зелве, поаѓање за Ѓореме – големиот манастриски комплекс, чија долина ги содржи најубавите цркви вградени во самите карпи, кои до ден денес имаат задржано многу од својот првобитен изглед. Враќање во хотелот во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

 

6 ден (четврток – 11.10.2018): УРГУП – АНКАРА – ИСТАНБУЛ  

Појадок. По појадокот – заминување за Истанбул. Поаптно, посета на Анкара, главниот град на Р. Турција. Кон пладне патувањето продолжува до Истанбул. Пристигнување во Истанбул во касните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

7 ден (петок – 12.10.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Посета на Цариградската Патријаршија. Околу пладне, посета на трговски центар Оливиум. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

 

8 ден (сабота – 13.10.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 17.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

-            Можност за плаќање на 4 еднакви месечни рати (септември-декември)

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3* во Кушадаси
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3* во Памуккале
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3* во Кападокија
  • 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Истанбул
  • Стручен локален водич во текот на целото патување
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Доплата за организирани посети со влезници и водич:

  • Троја – 15€ по лице
  • Ефес – 15€ по лице
  • Памуккале – 15€ по лице
  • Подземниот град Деринкоју – 15€ по лице
  • Зелве и Ѓореме – 20€ по лице
  • Крстарење по Босфор во Истанбул – 15€ по лице

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Летање со балон во Кападокија

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.