1 ден  (21.10.2017 – сабота): БИТОЛА – КОСТУР – ЛУТРАКИ  

Состанок на групата во 06:00 часот. Поаѓање за Лутраки во 06:30 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Костур во утринските часови. Посета на манастирот Св. Богордица Мавровска, покрај убавото Костурско Езеро. Слободно време за прошетка во центарот на Костур. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Лутраки. Пристигнување и сместување во приватни апартмани. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Ноќевање.

 

2 ден (22.10.2017 – недела): ЛУТРАКИ

Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃, со многу лековити својства. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.

 

3 ден (23.10.2017 – понеделник): ЛУТРАКИ – ВОДЕН – БИТОЛА

Утринска посета на изворите. Околу пладне напуштање на собите. Состанок на групата и поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден. Слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 3.580,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената дестинација
  • посета на Костур
  • посета на Воден
  • 2 ноќевања во апартмани и студија во Лутраки
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
  • патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.