1 ден (петок – 19.10.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата пред спортската сала во 08:30 часот. Поаѓање за Р. Турција во 09:00 часот. Патот води преку Солун, Кавала, г.п. Ипсала, денско и ноќно патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (сабота – 20.10.2018): КАПАДОКИЈА

Патување кон Кападокија со попатна посета на соленото езеро Tuz Gölü. Во попладневните часови пристигнување во Кападокија, област позната по специфичните рељефни форми создадени од вулканска активност и почетокот на христијанството. Сместување во хотел, во областа Невзахир. Слободно време за одмор. Во вечерните часови можност за организирана вечера со традиционално мени и танци. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 21.10.2018): КАПАДОКИЈА – ДЕРИНКУЈУ

Појадок. После појадокот  факултативна посета на подземниот град Деринкују. Се смета дека градот е создаден меѓу 780 и 1180 година. Подземната мрежа се состои од неколку кујни, штала, цркви, училишта, гробови, бунари и соби, за кои археолозите веруваат дека служеле како засолниште од непријателски војски и различни временски непогоди. Во доцните попладневни часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 22.10.2018): УРГУП – ЃОРЕМЕ – ЗЕЛВЕ

Појадок. Упатување на групата кон Зелве – т.н. „Музејот на отворено небо“ – “град – пештера“, преполн со религиозни и световни комори... после посетата на Зелве, поаѓање за Ѓореме – големиот манастриски комплекс, чија долина ги содржи најубавите цркви вградени во самите карпи, кои до ден денес имаат задржано многу од својот првобитен изглед. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

 

5 ден (вторник – 23.10.2018): УРГУП – АНКАРА – ИСТАНБУЛ  

Појадок. По појадокот поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со попатни кратки одмори.

 

6 ден (среда – 24.10.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 11.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Кападокија
  • Стручен локален водич во текот на целото патување
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Доплата за организирани посети со влезници и водич:

  • Подземниот град Деринкују – 15€ по лице
  • Зелве и Ѓореме – 20€ по лице
  • Организирана традиционална вечера – 30€ по лице

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Летање со балон во Кападокија (терминот за летање ќе се одреди во текот на патувањето, зависно од бројот на заинтересирани лица и слободни термини)

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.