Состанок на групата во 04:30 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Метеори. Патувањето води преку г.п. Меџитлија, Птолемаида, Гревена, ... пристигнување во Каламбака во прeтпладневните часови. Заминување за Метеорите, каде имаме посета на еден или два од неколкуте Византиски манастири (манастирот Свето Преображение и  манастирот Варлаам) кои се надвиснуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото градче... Состанок на групата во претходно догворено време и планирано поаѓање за Битола во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 700,00 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • посета на Метеора,
  • посета на работилница на икони,
  • посета на Каламбака
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 Цената на аранжаманот не вклучува: 

  • Влезници при посета на манастирите (3€ по лице за секој манастир)
  • Патничко осигурување.

Доплата

500 денари за трансфер од Струга, Охрид, Кичево и Прилеп

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ