1 ден (петок – 15.12.2017) : БИТОЛА – БЕЛГРАД

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 21:30 часот. Поаѓање за Србија во 22:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (сабота – 16.12.2017): БЕЛГРАД – БИТОЛА

Пристигнување во Белград во утринските часови. Прошетка низ Калемегдан, потоа Кнез Михајлова и Скадарлија. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во бројните кафулиња и предновогодишната празнична атмосфера во украсениот град. Во пладневните часови упатување кон трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг. Во доцните попладневни часови поаѓање за Македонија.

 

3 ден (недела – 17.12.2017): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во Раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 1.840,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ