1 ден (петок – 29.12.2017): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 21:30 часот. Поаѓање за Србија во 22:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (сабота – 30.12.2017): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на трговскиот центар Ушче и слободно време за шопинг. После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта упатување кон центарот на градот. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Белград или посета на Скадарлија - највпечатливата  улица во Стариот Град, позната  како боемски кварт. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 31.12.2017): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот, поаѓање за факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен водич: посета на Петровардинската Тврдина, улицата Дунавска, катедралата Св. Марија, Соборната Црква, плоштадот и споменикот Светозар Милетиќ, Народниот Театар... Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ празничниот Нови Сад. Во попладневните часови враќање во хотелот. Кратко време за одмор и подготовка за дочекот. Во вечерните часови упатување кон центарот на Белград и дочек на Новата Година на Плоштадот на Републиката со богата музичка програма. Враќање во хотелот. Ноќевање.  

 

4 ден (понеделник – 01.01.2018): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Панорамски разглед на градот со стручен водич: Народното Собрание, Народниот Театар, црквата Св. Сава, црквата Св. Марко, Теразије, Дедиње, Мостовите на Сава, најпознатата Кнез Михајлова улица, Калемегдан - белградската тврдина... Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

 

5 ден (вторник – 02.01.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.


Цена на аранжманот: 5.840,00 денари 

-          Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот


Цената на аранжманот вклучува:

  • - Автобуски превоз на горенаведената релација
  • - 2 ноќевања со појадок во хотел Слодес со 3 *
    •        - хотелот се наоѓа на 8км од центарот на Белград
    •        - во близина на хотелот се наоѓа автобуска постојка со добра врска со центарот на градот
    •        - цената на такси превоз од градот до хотелот е околу 6-8 €
    •        - во цената е вклучено и користење на базенот на Wellnes Slodes  
    •        - останатите услуги во Спа центарот се наплаќаат (сауна, парна бања, масажа)
  • - Разглед на Белград со стручен водич
  • - Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • - Посета и разглед на Нови Сад со стручен водич – 10 € по лицe (минимум 35 лица за  реализација)
  • - Туристичка такса – 1,3 € по лице од ноќ
  • - Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.