1 ден (четврток – 11.10.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14:30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 15:00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 12.10.2018): САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Пешачки разглед на градот со стручен локален водич. Слободно време во Баш Чаршија. После пладне сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Во вечерните часови упатување во старата чаршија. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 13.10.2018): САРАЕВО – ВРЕЛО БОСНЕ – МОСТАР

Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет кој започнува со посета на убавиот извор на реката Босна – Врело Босне. Време за одмор, кафе и фотографирање. Излетот продолжува кон Мостар, со попатна посета на срушениот мост на Неретва. Пристигнување во Мостар, градот кој со својата специфичност неретко е инспирација за културните дејци од Балканот... прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва, време за ручек. Во попладневните часови враќање во Сараево. Вечерта, можност за факултативна организирана вечера со жива музика. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 14.10.2018): САРАЕВО – ВИШЕГРАД

Одјавување од хотелот.  Заминување од Сараево околу пладне, со попатна пауза во Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ... Продолжување на патот за Македонија преку Р. Србија... ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

5 ден (понеделник – 15.10.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 4.790,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:

  • Организиран превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево
  • разглед на Сараево со стручен водич
  • посета на Вишеград
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Врело Босне и Мостар – 15€ по лице (мин. 30 лица за реализација)
  • Организрана вечера – 15€ по лице
  • патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

 Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.