1 ден (четврток – 06.12.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот кај спортската сала во 08.30 часот. Поаѓање за Италија во 09.00 часот, преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција... денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори и гранични формалности.

 

2 ден (петок – 07.12.2018): МИЛАНО

Во утринските часови пристигнување во Милано. Организран разглед на Милано со стручен локален водич: замокот Сфорца, плоштадот Дуомо и Готската Катедрала Дуомо која е најголема во Италија, а петта по големина во светот, Galleria Vittorio Emanuele – изградена во 8 век – еден од најстарите шопинг центри во светот, црквата Santa Maria Dellе Graziе каде се наоѓа „Тајната Вечера“ – ремек – делото на Да Винчи, La Scala (зградата на Миланската Опера) – една од најпознатите оперски куќи во cветот... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови можност за ноќна прошетка низ центарот на Милано. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 08.12.2018): МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот заминување за организирана факултативна посета на убавото градче Лугано. Панорамски разглед на Лугано: Црквите San Rocco, San Antonio, црквта Santa Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија “Parco Civico”… слободно време за прошетки. Околу пладне, упатување кон градчето Комо, лоцирано на истоименото езеро Лаго ди Комо каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како Џорџ Клуни, Стинг, Ричард Бренсон... местото каде е сниман Касино Ројале – Џејмс Бонд, Дванаесеттемина на Оушн. Организирано крстарење по езерото од каде се добива најубав поглед на прекрасната природа и сите овие вили на популарните личности. Слободно време за индивидулани прошетки. Во вечерните часови враќање во Милано. Ноќевање.


4 ден (недела – 09.12.2018): МИЛАНО – ВЕРОНА

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Верона. Пристингување во Верона околу пладне. Организирана пршетка низ Верона со посета на: Големата арена, Плоштадите Бра, Ербе, Дел Сињори, замокот Векио, куќата на Јулија, Катедралата, амфитеатарот... Посета на трговски центар и слободно време за шопинг. Во вечерните часови, продолжување на патувањето за Македонија. Ноќно и денско возење со кратки попатни паузи и гранични формалности.

 

5 ден (понеделник – 10.12.2018): БИТОЛА:

Пристигнување во Битола околу пладне. 

 

Цена на аранжманот: 8.440,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевња со појадок во хотел со 3* во околината на Милано
  • Разглед на Милано со стручен локален водич
  • Организирана посета на Верона
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Лугано и Комо со стручен водич и крстарење по езерото Комо – 30€
  • Туристичка такса во хотелот во Милано – 2€ по лице од ноќ
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За факултативните излети потребен е минимум од 30 патници за реализација. Резервација за истите е неопходно да се направи при потпишување на договорот во агенција, со цел резервирање на потребните термини.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.