1 ден (сабота – 08.12.2018): БИТОЛА – ЛЕРИН – ЛУТРАКИ

Состанок на групата во 06:30 часот. Поаѓање за Лутраки во 07:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Лерин, слободно време за шопинг во ЛИДЛ. Патувањето продолжува кон Лутраки. Пристигнување и сместување во приватни апартмани. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃, со многу лековити својства. Во вечерните часови можност за посета на ресторан, кафуле или ноќно капење. Ноќевање.

 

2 ден (недела –09.12.2018): ЛУТРАКИ – ВОДЕН – БИТОЛА

Утринска посета на изворите. Слободно време за уживање во топлата вода и убавата природа која ги опкружува изворите. Околу пладне напуштање на собите. Состанок на групата и поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден. Слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 2.440,оо денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената дестинација
  • посета на Лерин
  • посета на Воден и водопадите
  • 1 ноќевање во апартмани и студија во Лутраки
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
  • патничкото осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. За користење на аранжман со сопствен превоз цената останува иста.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.