1 ден (четврток – 07.12.2017): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 08.30 часот. Поаѓање за Италија во 09.00 часот. Се патува преку Скопје, г.п. Табановце, Ниш, Белград, Загреб, Трст... денско и ноќно патување, со кратки попатни паузи и царински фомалности.

 

2 ден (петок – 08.12.2017): ВЕРОНА – МИЛАНО

Пристигнување во Верона во утринските часови. Време за прошетка низ градот на вечната љубов, плоштадот Бра со Римската арена, виа Мацини – главната пешачка зона, плоштадот Ербе, столбот на срамот, куќата на Јулија. Патувањето продолжува кон Милано. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, ноќна прошетка низ градот, слободно време за уживање во божиќната атмосфера во центарот на Милано. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 09.12.2017): МИЛАНО

Појадок. Разглед на градот со стручен водич... замокот Сфорца, плоштадот Дуомо и Готската Катедрала Дуомо која е најголема во Италија, а петта по големина во светот, Galleria Vittorio Emanuele – изградена во 8 век – еден од најстарите шопинг центри во светот, црквата Santa Maria Dellе Graziе каде се наоѓа „Тајната Вечера“ – ремек – делото на Да Винчи, La Scala (зградата на Миланската Опера) – една од најпознатите оперски куќи во cветот... Во попладневните часови, слободно време и можност за индивидуален разглед на градот... Споменикот на Леонардо – лоциран на Piazza dela Scala, Академијата Брера – лоцирана во палатата изградена како манастир во 17 век, денес палата во која се сместени голем број уметнички збирки, уметничка академија, богата библиотека и астрономска опсерваторија… Враќање  во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 10.12.2017): МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и упатување кон факултативна посета со стручен водич на градот Лугано во Швајцарија, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Piazza della Riforma, црквите San Rocco и Santa Maria degli Angeli, Villa Ciani, градскиот парк. Слободно време за прошетка низ градо. Следува посета на монденското гратче Комо – Катедралата, Бролето, пешачка тура низ градот... можност за крстарење со брод по езерото Комо, третото по големина езеро во Италија, каде може да се видат луксузни вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се наоѓаат вили на многу славни личности. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.


5 ден (понеделник – 11.12.2017): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 7.840,00 денари

-Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Милано (околината) во хотел со 3*
  • разглед на Милано со стручен водич
  • посета на Верона
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • задолжителна туристичка такса, по лице, на ден 3-5€ (се плаќа на рецепција во хотел)
  • посета на Лугано и Комо со стручен водич – 20€ по лице (минимум 30 лица)
  • патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.