Јаши – Света Петка, Трансилванија, Букурешт

(10 – 15 ноември 2017)                 

10 ноември, петок:                                                                                                                     

Состанување на групата пред Спортската сала во Битола во 20 ч. и поаѓање. Транзит низ Прилеп, Велес, Скопје и Куманово за земање на патници.


11 ноември, сабота:                                                                                                             

Влез во Бугарија во полноќните часови, граничен премин Деве Баир (Крива Паланка) – Ѓуешево, гранични формалности, попатни паузи. Пристигнување во Букурешт напладне. Пауза за менување валута, ручек и др. Продолжување кон Трансилванија, пристигнување во градот Бран во вечерните часови. Сместување во хотел.


12 ноември, недела:

Појадок. Факултативна посета на замокот “Бран” на средновековниот кнез Влад Цепеш. Пауза во градот Брашов – најголем град во Трансилванија. Продолжување кон областа Молдавија (романска). Пристигнување во областа Неамц во вечерните часови, сместување во црковен мотел.


13 ноември, понеделник: 

Поаѓање кон градот Јаши, административен и духовен центар на романска Молдавија – некогашна престолнина на Кнежевството Молдавија. Присуствување на Света Литургија и поклонување на моштите на Преподобна Мајка Света Петка. Слободно време за разгледување на градот. Враќање во Неамц. Посета на манастирот и поклонување на свети мошти. Ноќевање.


14 ноември, вторник: 

Поаѓање кон Букурешт во утринските часови. Попатна пауза со ручек. Пристигнување во Букурешт во раните попладневни часови. Панорамско разгледување на градот – Пјаца (Плоштад) Романа, Капитуленската волчица, Триумфалната Капија, Пјаца Унири (строгиот центар на Букурешт), фотографирање пред Палатата на Чаушеску. Посета на Соборниот патријаршиски храм “Св.Константин и Елена” и поклонување на светите мошти на Св.Димитриј од Басарабово. Слободно време за индивидуално разгледување на градот. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови.


15 ноември, среда: 

Транзит низ Бугарија. Со попатни паузи и гранични формалности пристигнување во Скопје напладне, во Прилеп и во Битола рано попладне.                 


ЦЕНА: 124 евра

 

Во аранжманот е вклучено:                                                                                                   

- превоз со високотуристички автобус, клима, ДВД;                                                   

- три ноќевања (1 во хотел со појадок, 2 во црковен мотел);                                         

- ручек на попатната пауза (недела);                                                                            

- водич и пратител на групата.