1 ден (петок  – 29.12.2017): БИТОЛА – ВИЕНА  

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала “Младост” во 08:30 часот. Поаѓањe за Виена во 09:00 часот. Патот води преку Србија и Унгарија. Денско и ноќно патување, со попатни одмори и царински формалности.

 

2 ден (сабота – 30.12.2017): ВИЕНА 

Пристигнување во Виена во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, зимскиот дворец Хофбург, Хундертвасерхаус и сл.  Во попладневните часови упатување кон хотелот и сместување. Слободно време за одмор. Вечерта, проследување на предновогодишна музичка програма во најстариот луна парк Пратер или упатување кон ноќна прошетка низ центарот на Виена, со можност за посета на традиционална виенска кафетерија или традиционален виенски ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 31.12.2017): ВИЕНА

Појадок.  После појадокот следува факултативна организирана посета на дворецот„Шенбрун“ со локален водич – дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата, кралските одаи, паркот и ботаничките градини, фонатаните и видиковецот говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф. Подоцна факултативна посета на дунавскиот остров со посета на Дунавската Кула. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, упатување кон центарот на градот и дочек на Новата 2018 година на главната сцена, пред зградата на Општината. После полноќ враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 01.01.2018): БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон центарот на Виена каде пред зградата на операта го проследуваме новогодишниот концерт на Виенската филхармонија. После концертот упатување кон Кралицата на Дунав - Будимпешта. Време за индивидуален разглед на градот, прошетка по улицата Ваци. Во попладневните часови – факултативно крстарење со брод по Дунав. Поаѓање за Битола во вечерните часови.

 

5 ден (вторник – 02.01.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот:  8.840,00денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во хотел со 3* во околината на Виена
  • Разглед на Виена со стручен локален водич
  • Посета на Будимпешта
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дворецот Шенбрун со (влезница, стручен водич, слушалки) – 25€
  • Посета на Дунавската Кула – 10€
  • Крстарење по Дунав (Будимпешта) – 15€
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.