1 ден (сабота – 07.04.2018): БИТОЛА – КРФ – БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во Битола во 00:30 часот. Поаѓање за Грција во 01:00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај г.п. Меџитлија, Јанина. Пристигнување во Игуменица во утринските часови и трансфер со траект до островот. Поаѓање кон главниот град Крф каде што во 9 часот започнува познатата свеченост со првата поворка или првото воскресение кога се изнесуваат моштите на Св. Спиридон - заштитникот на островот. Насекаде одекнуваат звуци од свечена музика на трите филхармонии кои ја водат поворката пред моштите на Св.Спиридон, луѓето фрлаат каранфили. Во 11 часот започнува локалниот обичај на фрлање на глинени садови полни со вода, различни по големина, како симбол на истерување на злото. Парчиња од глинените садови се собираат и зачувуваат за цела година за среќа и здравје. Слободно време за индивидуални прошетки за уживање во празничната атмосферa и прошетки низ градот. Во доцните попладневните часови состанок на групата и трансфер со траект до Игуменица. Пристигнување во Игуменица и продолжување на патувањето кон Битола. Пристигнување во Битола во донците ноќни часови.  

 

Цена на аранжманот: 2.840,00 денари

 

Цената на аранжманот вкулучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • Посета на Крф и проследување на Велигденската церемонија
  • Бродски билети за траект на реалција: Игуменица – Крф - Игуменица
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничкото осигурување

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.