1 ден (сабота – 29.12.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 20:30 часот. Поаѓање за Србија во 21:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (недела – 30.12.2018): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамски разглед на градот со стручен водич: Народното Собрание, Народниот Театар, црквата Св. Сава, црквата Св. Марко, Теразије, Дедиње, Мостовите на Сава, најпознатата Кнез Михајлова улица, Калемегдан - белградската тврдина... После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта прошетка низ центарот на Белград и посета на  Скадарлија - највпечатливата  улица во Стариот Град, позната  како боемски кварт. Ноќевање.

 

3 ден (понеделник – 31.12.2018): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот посета на трговски центар Ушче, слободно време за шопинг, кафе... упатување кон центарот на градот. Слободно време за прошетки низ убаво украсените улици во центарот на Белград. Враќање во хотел.  Време за одмор. Во вечерните часови, дочек на Новата Година на Плоштадот на Републиката со богата музичка програма. Ноќевање.  

 

4 ден (вторник – 01.01.2019): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен водич: посета на Петровардинската Тврдина, улицата Дунавска, катедралата Св. Марија, Соборната Црква, плоштадот и споменикот Светозар Милетиќ, Народниот Театар. Слободно време за индивидуални активности, прошетки низ празничниот Нови Сад. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

 

5 ден (среда – 02.01.2019): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 6.840,00 денари 

 

Доплата за еднокреветна соба:

 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 *
  • Разглед на Белград со стручен водич
  • Посета на Нови Сад
  • Разглед на Нови Сад со стручен локален водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса во хотелот – 1,3€ од ноќ
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.