1 ден (петок): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 22.30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 23:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (сабота): ОСТРОШКИ МАНАСТИР – СУТОМОРЕ

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови и време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Во попладневните часови посета на трговскиот центар “Delta City” во Подгорица и поаѓање за Сутоморе. Сместување во двокреветни и трокреветни соби. Ноќевање.

 

3 ден (недела): БУДВА – ТИРАНА

Во утринските часови напуштање на собите и поаѓање за Будва со кратка пауза за разглед на Св. Стефан – најатрактивното и најмонденското летувалише на Црногорското Приморје – време за фотографирање. Слободно време за индивидуален разглед на Будва: стариот град, црвите св. Марија и св. Иван, шеталиштето, плоштадот, Словенска плажа... Во попладневните часови поаѓање за Тирана со посета на трговски центар “TEG”. Во доцните попладневни часови планирано поаѓање за Битола.

Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот: 1.940,00 денари

       - Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:  

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 1 ноќевање во вила во Сутоморе
  • Посета на Острошки Манастир, Подгорица и Будва
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Трансфер од паркинг до Горниот Манастир
  • Туристичка такса 1€ во Сутоморе
  • Патничко осигурување

 

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.