Состанок на групата на паркингот пред спортската сала Младост во 05:30 часот. Поаѓање за Лутраки во 06:00 часот. Се патува преку Битола, г.п. Меџитлија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Лутраки во претпладневните часови. Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината.

Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃, со многу лековити својства. Самото место – Лутраки, има мноштво на приватни соби за сместување, хотели, ресторани, супер маркет, како и продавници за традиционални ракотворби и продукти...

Состанок на групата во претходно догворено време, во попладневните часови. Поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден и слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 500,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:  

  • Aвтобуски превоз.
  • Посета на Лутраки и Воден.
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезниците при посета на спа-центарот: 2 или 3 € (во зависност од базенот)
  • Патничкото осигурување.

Доплата:

500 денари за трансфер од Охрид, Струга, Кичево и Прилеп


Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.