Логирање за регистрираните агенции

Корисничко име

Лозинка:

ТЕЛЕФОН: 047 228 185
КОСМОФОН: 075 416 177
Т. МОБИЛЕ: 072 215 177

ТЦ. ПЕЛАГОНКА 2
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ББ
7000, БИТОЛА
Р. МАКЕДОНИЈА

ПАРИЗ

1 ДЕН : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Австрија во 15.30 часот. Патот води преку Србија, Унгарија...денаско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.


2 ДЕН : ВИЕНА 

Пристигнување во Виена во пладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен водич : Парламентот, Рингштрасе – плоштадот, Градската Палата, црквата Вотив, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, плоштадот на Марија Терезија, замокот Хофбург...Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуален разглед на градот или шопинг. Ноќевање.


3 ДЕН : ВИЕНА - САЛЦБУРГ

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна посета на велелепниот замок  - летната резиденција на Хабзбурговците Шенбрун. Поаѓање за Салцбург...слободно време за прошетка низ градот...замокот Леополдскорн, Катедралата, куќата на Моцарт, стариот град...состанок на групата на претходно договореното место во 20.00 часот. Поаѓање за Франција во 20.30 часот. Патот води преку Минхен, Стразбур, Мец...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.


4 ДЕН : ПАРИЗ

Планирано пристигнување во Париз во утринските часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Околу 13.00 часот – панорамски разглед на градот...плоштадите Пигал и Бланше, Бастиља, плоштадот на Републиката, Конкорд, катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Триумфалната капија, Операта, Мулен Руж...враќање во хотелот во раните вечерни часови. Слободно време. Вечерта – факултативно крстарење со брод по Сена...Ноќевање.


5 ДЕН : ПАРИЗ

Појадок. По појадокот – факултативна посета на симболот на Париз – Ајфеловата кула и факултативна посета на Версај – резиденцијата на Француските Кралеви и еден од најпознатите и најубавите дворци на светот. Една од најскапите и најекстравагантните згради на светот, која била наменета за дом на кралот Луј IVX – кралот на Сонцето...враќање во хотелот во касните попладневни часови...Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан со мени и програма...Ноќевање.


6 ДЕН : ПАРИЗ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на ненадминливиот Лувр...слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот...Ви предлагаме прошетка низ Монмартр – квартот на уметниците, црквата Сакр Кер, Трокадеро и надалеку познатите „Елисејски Полиња“. Во попладневните часови – посета на еден од многуте трговски центри – можност за шопинг...планирано поаѓање за Италија околу 22.00 часот...патот води преку Оксер, Женева...ноќно и денско патување со кратки попатни одмори...


7 ДЕН : МИЛАНО

Пристигнување во еден од Европските центри на модата и уметноста во утринските часови...панорамски разглед на градот со стручен водич... Катедралата Дуомо, Операта „Ла Скала“, замокот Сфорца, посета (факултативна) на куќата – музеј Санта Марија Де Ла Грација, местото каде е сместена најпознатата слика на светот - „Тајната Вечера“ – ремек делото на Леонардо Да Винчи“...сместување во хотел. Ноќевање.


8 ДЕН : МИЛАНО

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуален разглед на градот, шопинг или факултативна посета на Верона...гробот на Јулија, Арената, плоштадите Бра и Ербе, замокот Векио...планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот...патот води преку Словенија, Хрватска, Србија...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори...


9 ДЕН : БИТОЛА

Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :    17.990,00 денари

 
                
ПЕРИОД : 01.03.2012 – 09.03.2012



УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ :

Исклучиво во денарска противвредност



НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ :

20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

Автобуски превоз на горенавцедената релација, 1 НП во хотел со 3* во Виена, разглед на Виена со стручен водич, 2 НП во хотел со 3* во Париз, разглед на Париз со стручен водич, 1 НП во Милано во хотел со 3*, разглед на Милано со стручен водич, посета на Верона, организација, водство и реализација на аранжманот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (250,00 ден.). ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА – ПАРИЗ :  Лувр  15 € - по лице (препорака!), Версај  20 € - по лице (вклучено слушалки и аудио-водич - препорака!), Ајфел  10/15 € - по лице (препорака!), крстарење по Сена  € - по лице.  ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Замокот Шенбрун – 20 € по лице (препорака!). ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА – МИЛАНО : музејот Санта Марија Де Ла Грација - € по лице (препорака!)


НАПОМЕНА :

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.