ПРАГА
1 ДЕН : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 11.30 часот. Поаѓање за Австрија во 12.00. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, г.п.Келебија, Будимпешта...Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН : ВИЕНА – ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови...панорамски разглед на градот...Парламентот, Операта, Рингштрасе, замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), Катедралата Св.Стефан, палатата Белведере, палатата на Правдата, плоштадот на Марија Терезија...факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун – летната резиденција на Хабзбурговците...слободно време за индивидуален разглед на градот. Поаѓање за Прага околу 14.00 часот. Пристигнување во Прага во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН : ПРАГА
Појадок. По појадокот – разглед на градот со стручен водич... Карловиот мост, Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец - Храдчани, монументалната катедрала на Св.Вид со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, Владиславова сала, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот – факултативен полудневен излет до Карлови Вари со стручен водич, најпозната бања во Средна Европа, место каде престојувале многу европски властодршци, врвни сликари, поети...Враќање во Прага во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма...Ноќевање.
5 ДЕН : ПРАГА - БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Будимпешта...патот води преку Брно, Ѓиор...пристигнување во Будимпешта во касните попладневни часови...панорамски разглед на градот со стручен водич...Цитаделата, брдото Гелерт, Рибарските Бастиони, Црквата Св.Матејаш, Ланчаниот мост, базиликата Св.Стефан, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“ (факултативно)...слободно време за индивидуален разглед на градот. Околу 22.00 часот – факултативно крстарење со брод по Дунав. Околу 23.30 часот – поаѓање за Македонија...патот води преку Сегедин, Нови Сад, Белград...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
6 ДЕН : БИТОЛА
Пристигнување во Битола во попладневните часови.
ПЕРИОД : 06.03. – 11.03.2012
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.590,00 ден.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ :
Исклучиво во денарска противвредност.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ :
30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Виена со стручен водич, 3 НП во Прага, во хотел со 4* (базен, фитнес, сауна, WI-FI), разглед на Прага со стручен водич, разглед на Будимпешта со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно – историските споменици, патничкото осигурување 180,00 ден. по лице. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ПРАГА : Карлови Вари – 20 € (минимум 30 лица) – препорака !, Орлој – 5 € по лице, Свечена вечера во Национален ресторан – 25 € по лице - препорака !. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : крстарење со брод по Дунав – 15 € по лице - препорака ! ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Замокот Шенбрун – 20 € по лице - препорака !
НАПОМЕНА :
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. ПОСЛЕДЕН РОК за ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.02.2012 !
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.


