Логирање за регистрираните агенции

Корисничко име

Лозинка:

ТЕЛЕФОН: 047 228 185
КОСМОФОН: 075 416 177
Т. МОБИЛЕ: 072 215 177

ТЦ. ПЕЛАГОНКА 2
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ББ
7000, БИТОЛА
Р. МАКЕДОНИЈА

БУДИМПЕШТА

1 ДЕН : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16.30 часот. Поаѓање за Унгарија во 17.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

 

2 ДЕН : БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во касните утрински часови. Посета на ТЦ „КАМПОНА“ – можност за шопинг, како и факултативна посета на Тропикариумот и Аквариумот кои се во склоп на овој трговски центар...сместување во хотел. Слободно попладне, или прошетка низ „Ваци“ улицата. Ноќевање.

 

3 ДЕН : БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот – панорамски разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“ (факултативно)...враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – крстарење со брод по Дунав, како и посета на Национален ресторан „Чарда“ (факултативно). Ноќевање.

 

4 ДЕН : ВИЕНА

Појадок. По појадокот –  одјавување од хотелот – факултативна посета на Виена. Пристигнување во Виена во околу пладне. Панорамски разглед на градот : Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург...факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун...слободно време за прошетка и индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во вечерните часови на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

5 ДЕН : БИТОЛА

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

          ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.990,00 денари

 

          ПЕРИОД : 07.03. – 11.03.2012

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас...) на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*,  организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 15 € по лице (препорака), вечера во Национален ресторан “Чарда“ - со програма и мени  – 35 € по лице (препорака). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Посета и разглед на Виена со стручен водич – 10 € по лице (препорака), Замокот Шенбрун – 20 € по лице – влезница со водич (препорака).

 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.