Логирање за регистрираните агенции

Корисничко име

Лозинка:

ТЕЛЕФОН: 047 228 185
КОСМОФОН: 075 416 177
Т. МОБИЛЕ: 072 215 177

ТЦ. ПЕЛАГОНКА 2
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ББ
7000, БИТОЛА
Р. МАКЕДОНИЈА

ВЕНЕЦИЈА

1 ДЕН : БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 12.00 часот. Поаѓање за Венеција во 12.30 часот. Патот води преку г.п Табановце, Ниш, Белград, Загреб...денско и ноќно патување – со кратки попатни одмори.

 

2 ДЕН : ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Венеција во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуален разглед на едно од најголемите Италијански летувалишта...Ноќевање.

 

3 ДЕН : ВЕНЕЦИЈА

Појадок. По појадокот – трансфер до траектот и превоз со брод до Венеција. Разглед на градот со стручен водич...Дуждевата Палата, мостот Риалто, плоштадот со црквата Сан Марко, мостот на воздишките, каналот Гранде...враќање во хотелот во касните попладневни часови. Ноќевање.

 

4 ДЕН : ФИРЕНЦА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободен ден или факултативен целодневен излет за лулката на ренесансата и еден од најбајковитите градови во Италија и светот...панорамски разглед на градот – плоштадот Сињори, Академијата со надалеку познатата скулптура на Микеланџело – Давид, Палатата Векио, крстилницата Сан Џовани, галеријата Уфици...планирано поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Трст, Љубљана, Загреб, Белград...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

5 ДЕН : БИТОЛА

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  7.290,00 ден.

 

ПЕРИОД : 01.03.201205.03.2012

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенавцедената релација,  2 Н/П во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло, разглед на Венеција со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Повратен билет за бродот кој води за Венеција (Punta Sabioni) – 10 € по лице, факултативна посета и разглед на Фиренца со стручен водич - 45 € по лице (минимум 30 лица)

 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.02.2012. !!!

 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.